Becutan маслено средство за капење

150ml

Капењето е еден од секојдневните ритуали во којшто уживаат бебињата, но и родителите. Негата на бебшката кожа која има карактеристики на изразито сува, осетлива и подложна на иритации е особено деликатна и бара примена на исклучително благи средства со pH 4 – 6, лосиони со додатоци за навлажнување, како и маслени средства за капење.

Следејќи ги потребите на најчувствителната кожа, развиена е нова формулација на производ во колекцијата Becutan – маслено средство за капење, првенствено создадено за нега на сува и на изразито чувствителна бебшка кожа. Овој производ нежно ја чисти и ја навлажнува кожата, ја омекнува и штити од иритации.

Како дејствува?

Формулацијата на масленото средство за капење Becutan е изработена врз база на природни растителни масла: масло од соја, сончогледово масло, масло од семки од грозје и маслиново масло. Екстрактите од овие масла богати се со масни киселини – омега 3 и омега 6, кои припаѓаат во групата мембраноформирачки фосфолипиди, што подразбира дека помагаат во одржувањето на природниот липиден баланс на кожата и придонесуваат за јакнење на нејзината заштитна функција. Природните растителни масла лесно се апсорбираат во кожата, влијаат на подобрување на нејзината еластичност и ја омекнуваат. Покрај масните киселини, содржи и витамин Е, кој дејствува антиоксидативно, антиинфламаторно и регенеративно; витамин А, кој ја одржува природната влажност на кожата и витамин Ц, кој ја подобрува микроциркулацијата, а со тоа и размената на хранливите материи во клетките на кожата, при што придонесува таа да остане мазна, нежна и еластична.

Како се употребува?

Во водата за капење (5 – 10 l) се става 5 – 10 ml од масленото средство за капење Becutan и таа се разматува, при што настанува млечнобела емулзија во којашто се капе бебто. Не е потребно плакнење, доволно е бебето да се завитка во пешкир и со благо тапкање да се впие вишокот пена. Растителните масла ќе се апсорбираат во кожата и ќе придонесат таа да остане нежна, мека и еластична, без знаци на сувост. Капењето е лесно и едноставно, а една од состојките има и благо омекнувачко својство, при што потпомага во расчешлување на косата. Овој производ, освен за бебиња и за деца, го препорачуваме и за возрасни кои имаат сува и осетлива кожа.