Аронија со брусница

Уште поголемо освежување!

Во потрага по луксузна овошна чајна мешавина, создадовме комбинација на две најмоќни овошја - аронија и брусница.

И двата плода содржат антоцијани, флавоноиди и микроелементи.

Избалансираната мешавина на аронија и брусница, во која е додаден и плод од јаболко, пред сè, е освежителна напивка со пријатно киселкав вкус, во кој со задоволство ќе уживате, но и ќе си обезбедите подобро здравје.

Ве покануваме на шолја полна природа!

Аронија со брусница е вистинскиот избор за сите љубители на добар и на вистински освежителен чај.

Секое пакување содржи 20 филтер-кесички, секоја по 2 g овошна чајна мешавина.