SATTWA крем за обликување и за затегнување на телото

150ml

SATTWA кремот за обликување и за затегнување на телото содржи растителен антицелулитен комплекс со активно дејство врз намалувањето на целулитот и на поткожното масно ткиво. Истовремено, го потпомага и затегнувањето на кожата. Специјално дизајнираната туба има апликатор преку кој се нанесува кремот. Трите кугли од апликаторот нежно ја масираат кожата забрзувајќи ја циркулацијата на тоа место. Секоја хербална состојка дејствува целно на одреден дел од механизмот за справување со вишокот масни наслаги. Го намалува создавањето на масни наслаги, ја подобрува циркулацијата на местото каде што се аплицира и ја затегнува кожата.

SATTWA крем за обликување и за затегнување на телото содржи:

• Екстракт од спирулина

• Природен изофлавон

• Кофеин

• Карнитин

• Витамин Е

• Екстракт од див костен

• Екстракт од шимширика